ИБРАХИМОВИЌ ПО ВТОРПАТ ГО НАПУШТИ МАНЧЕСТЕР, ОДИ ВО САД ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА

    ИБРАХИМОВИЌ ПО ВТОРПАТ ГО НАПУШТИ МАНЧЕСТЕР, ОДИ ВО САД ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТАПоследниот меч за Јунајтед го одигра уште за Божиќ. - Златан Ибрахимовиќ (Фото: Гети)

    Златан Ибрахимовиќ по вторпат заминува од Манчестер јунајтед, откако двете страни договорија раскин на договорот, објави клубот.

    Шведскиот ветеран, најверојатно, ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес галакси, што ќе му биде седмо различно првенство во коешто настапувал. Сега веќе 36-годишен и оптоварен со повреди, Галакси би можел да се покаже последен клуб во неговата кариера.

    Откако во финишот на минатата сезона тешко го повреди коленото, Ибрахимовиќ најави дека нема да го продолжи договорот, но тоа, сепак, се случи во август, кога потпиша на една година. Тој се врати во тимот во ноември, но последниот меч го одигра уште за Божиќ, во ФА купот против Барнли, по што повторно се повреди.

    „Сите во клубот му се заблагодаруваат на Ибрахимовиќ за придонесот што го имаше и му посакуваме многу среќа во иднина“, соопшти Манчестер.

    Ибрахимовиќ не настапи за Шведска во квалификациите за СП 2018 во Русија, но навести дека би сакал да игра на Мундијалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира