ИГА ШВЈОНТЕК ЈА ПОБЕДИ АМАНДА АНИСИМОВА И ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН

    ИГА ШВЈОНТЕК ЈА ПОБЕДИ АМАНДА АНИСИМОВА И ГО ОСВОИ ВИМБЛДОНШвјонтек ja победи Анисимова со 6-0 и 6-0 за само 57 минути. (Фото: Гети)

    Полската тенисерка Ига Швјонтек безмилосно ја искористи нервозата на американската противничка Аманда Анисимова за да ја освои својата прва титула на Вимблдон, а ja победи со 6-0 и 6-0 за само 57 минути.

    24-годишната Швјонтек исто така играше во своето прво финале на Ол Ингланд Клубот, но изгледаше посигурно од самиот почеток. Ниту една жена не го освоила Вимблдон со „дабл бејгл“ – име дадено за победа без губење гем – од 1911 година.

    Ова е шестата победа на Гренд слем во кариерата на Швјонтек, победувајќи на секој од нејзините настапи во големи финалиња.

    „Изгледа супер надреално“, рече Швјонтек, чии пет претходни титули се на земјени или тврди терени. „Искрено, дури и не сонував да го освојам Вимблдон затоа што беше премногу далеку. Се чувствувам како искусен играч, откако освоив други Слем турнири, но не го очекував ова.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира