ИГОР СТЕФАНОВСКИ-ИЏЕ ЈА ОСВОИ ТРЕТАТА ЕВРОПСКА ТИТУЛА ВО АВТОМОБИЛИЗАМ

    ИГОР СТЕФАНОВСКИ-ИЏЕ ЈА ОСВОИ ТРЕТАТА ЕВРОПСКА ТИТУЛА ВО АВТОМОБИЛИЗАМСтефановски оваа сезона победи на седум од десетте трки (Фото: Фејсбук)

    Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе ја освои третата европска титула во својата кариерата, а прва по осум години пауза. На последните две трки од сезоната, што се возеа во хрватското гратче Бузет, Иџе само ја потврди титулата во Европското првенство на ридски патеки, откако и претходно имаше солидна предност во однос на најблискиот конкурент.

    Возејќи болид на „хјундаи“, Стефановски оваа сезона победи на седум од десетте трки.

    Стефановски беше европски првак во оваа конкуренција и во 2014 и 2015 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира