ИГРАЧИ НА ГЕРМАНСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЈА ОДРЖУВААТ ФОРМАТА КАКО ГРАДЕЖНИЦИ

    ИГРАЧИ НА ГЕРМАНСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЈА ОДРЖУВААТ ФОРМАТА КАКО ГРАДЕЖНИЦИТројцата фудбалери на Донауштат уриваат ѕидови за минимална плата од 12,55 евра на час (Фото: ДПА)

    Германски фудбалски петтолигаш пронајде начин како да одржи во форма дел од своите играчи додека сезоната е во прекин – на градилиште.

    Од почетокот на април, тројца фудбалери на Донауштат уриваат ѕидови и отстрануваат шут во Лајпциг, за што добиваат минимална плата од 12,55 евра на час. Саша Дијакизе, Кевин Рабис и Абулаи Дабо ја прифатиле необичната понуда на газдата на клубот Матијас Клеменс, кој поседува компанија за одржување и реновирање на споменици.

    „Ова е нешто ново во мојот живот. Ова е чист тренинг“, кажа Австриецот Дијакизе.

    Тој и неговите соиграчи од Естонија и Гвинеја Бисау ќе можат да го напуштат градилиштето веднаш штом се создадат услови да се вратат на тренинг во клубот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира