ИГРАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ СЕ МНОГУ НЕПРОФЕСИОНАЛНИ, КОНТЕ НЕ Е ВИНОВЕН, ВЕЛИ РОЈ КИН

    ИГРАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ СЕ МНОГУ НЕПРОФЕСИОНАЛНИ, КОНТЕ НЕ Е ВИНОВЕН, ВЕЛИ РОЈ КИНЕкскапитенот на Манчестер Јунајтед вели дека за слабата форма сезонава на Челси се виновни играчите. - Антонио Конте (Фото: Ројтерс)

    Челси веќе нема шанси да ја одбрани титулата во Премиер лигата, но сè уште е во игра во ФА купот и во Лигата на шампиони, иако, според легендата на Манчестер Јунајтед Рој Кин, и таму нема да се прослави.

    Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ вели дека за слабата форма сезонава на Челси се виновни играчите, за кои рече дека не се професионалци.

    „Многу се непрофесионални овие играчи на Челси. Во последниве неколку години, ќе ја освојат титулата и потоа целосно се опуштаат, без разлика кој е тренер. Тоа е шокантно однесување“, изјави Кин во најавата за дуелот на Челси против Барселона во осминафиналето на Лигата на шампиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира