ИКЕР КАСИЉАС НАВЕСТИ ДЕКА ГО ОДИГРАЛ ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ИКЕР КАСИЉАС НАВЕСТИ ДЕКА ГО ОДИГРАЛ ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕНа крајот на сезоната ќе реши дали ќе продолжи да игра. - Икер Касиљас (Фото: ЕПА)

    Икер Касиљас им се заблагодари на навивачите на Ливерпул за приемот што го доби на стадионот „Енфилд“ и навести дека тоа, можеби, бил неговиот последен натпревар во Лигата на шампионите.

    Легендарниот шпански голман, кој сега брани за Порто, е рекордер според бројот на настапи во елитното европско клупско натпреварување и синоќешниот натпревар против Ливерпул му беше 171-ви.

    Триесет и шестгодишниот Касиљас вели дека „Енфилд“ е идеално место за неговиот последен настап во Лигата на шампионите, што ја има освоено трипати со Реал Мадрид.

    „Ако ова беше моето збогување од Лигата на шампионите, тогаш воопшто не беше лоша вечер. Не примив гол на овој фантастичен стадион, но не се знае што носи иднината. Сакам да го освојам првенството со Порто, затоа што оваа група играчи го заслужува тоа, па ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Ако погледнам наназад, можам да бидам горд на она што сум го постигнал во оваа прекрасна игра. Поминав многу години во Лигата на шампионите и убаво е да се доживее ваков топол прием на вака голем стадион“, кажа Касиљас.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира