ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ ЗАРАДИ АНГАЖМАН ВО УЕФА

    ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ ЗАРАДИ АНГАЖМАН ВО УЕФАНе објави за каков ангажман во УЕФА станува збор. - Илчо Ѓорѓиоски со Горан Пандев на промоцијата на Суперкупот во Скопје (Фото: СДК)

    Илчо Ѓорѓиоски објави дека заминува од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија и дека неговиот следен ангажман ќе биде во УЕФА.

    Тој на кормилото на македонскиот фудбал го наследи Хари Хаџи-Ристески во 2012 година, како четврти претседател во историјата на ФФМ.

    „Не беше лесно да се донесе ваква одлука, но отсекогаш сум повикувал на одговорност, пред демагогија. Мојот следен предизвик е УЕФА и оттаму чесно и одговорно ќе продолжам да го давам мојот придонес за македонскиот фудбал. За овие шест години го обновивме кровотокот на македонскиот фудбал и тој начин на работа ни донесе пласман на европско првенство, најголеми успеси на младинските национални селекции, враќање на довербата во А-репрезентацијата и постојан напредок на ранг-листата на ФИФА“, стои во соопштението на Ѓорѓиоски, објавено на сајтот на ФФМ.

    Тој не објави за каков ангажман во УЕФА станува збор. Се очекува неговиот наследник да биде избран на Собранието на ФФМ на почетокот на следната година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира