ИМАВ ТРЕМА, СЛЕДНИОТ ПАТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО, КАЖА МЛАДИОТ ПЛИВАЧ ЃУРЕТАНОВИЌ ПО НАСТАПОТ НА ОЛИМПИЈАДАТА

    ИМАВ ТРЕМА, СЛЕДНИОТ ПАТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО, КАЖА МЛАДИОТ ПЛИВАЧ ЃУРЕТАНОВИЌ ПО НАСТАПОТ НА ОЛИМПИЈАДАТАНикола Ѓуретановиќ беше последен во квалификациите на 400 метри слободно (Фото: МОК)

    Ова е големо искуство за мене, ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави младиот пливач Никола Ѓуретановиќ по денешниот настап на 400 метри слободно на Олимписките игри во Париз.

    Со 16 години, Ѓуретановиќ е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз и токму тој беше првиот кој излезе на борилиштата, постигнувајќи резултат кој не е на ниво на неговиот личен рекорд.

    Тој пливаше во првата квалификациска група и стигна на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко. Во генералниот поредок беше последен.

    Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето. Бев многу возбуден. Сепак, ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави Ѓуретановиќ за сајтот на МОК.

    Македонија има шестмина претставници во Париз, од кои само атлетичарот Дарио Ивановски и борачот Владимир Егоров обезбедија норма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира