ИСТРЧА 42 КИЛОМЕТРИ ОБЛЕЧЕН КАКО БИГ БЕН, ПА СЕ ЗАГЛАВИ НА ЦЕЛТА НА ЛОНДОНСКИОТ МАРАТОН

    ИСТРЧА 42 КИЛОМЕТРИ ОБЛЕЧЕН КАКО БИГ БЕН, ПА СЕ ЗАГЛАВИ НА ЦЕЛТА НА ЛОНДОНСКИОТ МАРАТОННа крајот од маратонот, 30-годишниот Лукас Бејтс успеа да ја помине целната линија дури откако му помогна еден од волонтерите, откако горниот дел од неговиот Биг Бен костум се заглави на целта. (Фото: Би-Би-Си/принтскрин)

    Маратонец на Лондонскиот маратон, облечен како Биг Бен, се заглави на целната линија откако се обиде да собори светски рекорд. Лукас Бејтс од Кент имаше намера да влезе во Гинисовата книга на светски рекорди како најбрз маратонец облечен како знаменитост. Актуелниот рекорд е три часа, 34 минути и 34 секунди, а Бејтс ја заврши трката на 42 километри со време од три часа и 54 минути.

    На крајот од маратонот, 30-годишникот успеа да ја помине целната линија дури откако му помогна еден од волонтерите, откако горниот дел од неговиот Биг Бен костум се заглави на целта.

    Зборувајќи пред маратонот, тој кажа дека има истрчано маратон за два часа и 59 минути, но тогаш не бил облечен како џиновски часовник.

    „Веќе го имам истрчано Лондонскиот маратон четири пати и оваа година сакав да направам нешто различно, да се забавува малку и да носам откачен костум“, кажа Бејтс.

    Гинисовиот рекорд е во сопственост на Ричард Мајц, кој на Берлинскиот маратон во септември трчаше облечен како градската порта во Либек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира