ИТАЛИЈАНКАТА КАРИНИ ПО 46 СЕКУНДИ ГО ПРЕКИНА ОЛИМПИСКИОТ МЕЧ ПРОТИВ БОКСЕРКА КОЈА ПАДНА НА ТЕСТОТ ЗА ПОЛ

    ИТАЛИЈАНКАТА КАРИНИ ПО 46 СЕКУНДИ ГО ПРЕКИНА ОЛИМПИСКИОТ МЕЧ ПРОТИВ БОКСЕРКА КОЈА ПАДНА НА ТЕСТОТ ЗА ПОЛИмане Хелиф (лево) лани беше дисквалификувана од Светското првенство за жени зашто падна на тестовите за родова подобност (Фото: Гети)

    Италијанската боксерка Анџела Карини го прекина дуелот против Алжирката Имане Хелиф по само 46 секунди, што предизвика големи контроверзи на Олимписките игри во Париз.

    Хелиф е една од двете боксерки на кои им беше дозволено да настапат на ОИ откако беа дисквалификувани од Светското првенство за жени минатата година зашто паднаа на тестовите за тестостерон и родова подобност.

    По мечот, Карини кажа дека се повлекла зашто никогаш во кариерата не примила така силни удари.

    Скршена сум. Влегов во рингот во чест на татко ми. Многупати ми кажаа дека сум воин, но морав да запрам во интерес на моето здравје. Никогаш не сум примила посилни удари“, изјави Карини.

    Хелиф кратко изјави дека дошла по златен медал и ќе боксува против кого било.

    Лин Ју-тинг од Тајван е втората боксерка која ќе настапи на женскиот турнир на ОИ откако тестовите на ланското Светско првенство покажале дека има машки хромосоми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира