ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ НАПОЛИ ЗАБРАНИ НОСЕЊЕ РЕМЕНИ НА СВОЈОТ СТАДИОН

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ НАПОЛИ ЗАБРАНИ НОСЕЊЕ РЕМЕНИ НА СВОЈОТ СТАДИОННеобичната забрана дојде откако хулиганите на Наполи претепаа фанови на Сити пред мечот во Манчестер (Фото: Гети)

    Управата на италијанскиот прволигаш Наполи забрани да се носат ремени на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

    Тренерот Пеп Гвардиола и неговите фудбалери ќе смеат да дојдат во полна опрема на стадионот во Неапол, но сите останати, вклучувајќи ги и новинарите, ќе мора да си ги придржуваат панталоните.

    Необичната забрана уследи откако хулигани, мавтајќи со ремени, нападнаа навивачи на Сити во пресрет на првиот меѓусебен дуел на двете екипи на 17 октомври.

    Еден навивач на Наполи беше осуден на пет месеци затвор за нападот во еден паб во близина на стадионот „Етихад“. Врзувајќи тешки предмети за еден крај од ремените, тие ги удираа гостите во пабот, при што едно 17-годишно момче претрпи повреди на главата.

    „Ова е лудо. Зошто да се казнуваат навивачите на Сити, кога проблеми направија оние на Наполи? Ако ништо друго, ова ќе ги мотивира навивачите да пијат повеќе, за да си ги наполнат стомаците“, изјави Кевин Паркер, генералниот секретар на фан клубот на Манчестер сити.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира