ЈАНЕ СНИМА СПОТ ЗА УЕФА СО ФИГО ДОДЕКА ГО ЧЕКА ЛЕКОТ ЗА НЕГОВАТА РЕТКА БОЛЕСТ

    ЈАНЕ СНИМА СПОТ ЗА УЕФА СО ФИГО ДОДЕКА ГО ЧЕКА ЛЕКОТ ЗА НЕГОВАТА РЕТКА БОЛЕСТЈане по покана на УЕФА се наоѓа во Лион, каде се снима видео спот за кампањата „Еднакви на терен“ заедно со Луис Фиго.(Фото:УЕФА)

    Деветгодишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија денеска во Лион играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.

    Јане по покана на УЕФА се наоѓа во Лион, каде се снима видео спот за кампањата „Еднакви на терен“. Јане во друштво на Фиго и Абидал во спотот играат мал фудбал.

    „Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“, а Јане е еден од лицата на кампањата.

    Јане на плоштад во Лион играше мал фудбал заедно со Луис Фиго. (Фото: УЕФА)

    „Покрај за прославата на една година од почетокот на кампањата ‘Еднакви на терен‘, Јане е поканет да го гледа и финалето во Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, што ќе се игра во Лион“, ни рече Деница Велковска мајката на Јане.

    Јане од своето раѓање боледува од спинална мускулна атрофија тип 2  и е врзан за инвалидска количка. Деветгодишното момче уште чека државата да му го обезбеди лекот за неговата ретка болест „спинраза“.

    Во јануари тој беше гостин во Владата на премиерот Зоран Заев, кој тогаш вети дека веднаш ќе почне постапката за набавка на овој лек.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира