Младиот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон откако денеска изгуби од Шпанецот Педро Роденас со 6:3, 6:7, 4:6.
Ивановски го доби првиот сет за 25 минути, па во вториот направи голем пресврт откако противникот сервираше при водство од 5:1 во гемови. Сетот на крајот се решаваше во тај-брејк, што му припадна на Роденас.
Шпанецот направи два брејка во третиот сет, наспроти еден на Ивановски, што му ја донесе победата по нешто повеќе од два часа игра.
На патот до најдобрите осуммина Ивановски ги елиминираше Британецот Пау, Мексиканецот Пачеко и Литванецот Бутвилас.