КАРЛО АНЧЕЛОТИ СЕ ВРАТИ НА КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИД ПО ШЕСТ ГОДИНИ

    КАРЛО АНЧЕЛОТИ СЕ ВРАТИ НА КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИД ПО ШЕСТ ГОДИНИАнчелоти потпиша тригодишен договор со Реал (Фото: Реал Мадрид)

    Карло Анчелоти го напушти Евеертон и по вторпат ќе седне на клупата на Реал Мадрид. Шеесет и едногодишниот италијански стручњак го водеше Реал од 2013 до 2015 година и во тој период клубот еднаш ја освои Лигата на шампионите.

    Тој потпиша тригодишен договор, изјавувајќи дека тоа била неочекувана можност.

    „Иако уживав во мојот престој во Евертон, ми беше понудена неочекувана можност, за која верувам дека е вистинска за мене и моето семејство во моментов“, кажа Анчелоти.

    Тој доаѓа на местото на Зинедин Зидан, кој поднесе оставка пред неколку дена, откако, како што кажа, сфатил дека клубот ја изгубил вербата во него.

    Анчелоти се задржа само 18 месеци во Евертон, со кој оваа сезона заврши на 10. место во Премиерлигата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира