КЕНИЕЦОТ ДЕРИК ЧЕГЕ ЊОРОГЕ Е ПОБЕДНИК НА СКОПСКИОТ МАРАТОН, ДАРИО ИВАНОВСКИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО

    КЕНИЕЦОТ ДЕРИК ЧЕГЕ ЊОРОГЕ Е ПОБЕДНИК НА СКОПСКИОТ МАРАТОН, ДАРИО ИВАНОВСКИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТОСреде доминацијата на тркачите од Кенија на скопските улици, најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски успеа да се избори за место на победничкиот подиум. (Фото: СДК.МК)

    Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге победи на Виз Ер Скопскиот маратон 2026, откако маратонската делница ја истрча со време од 2:12:56 часа. Второто место му припадна на неговиот сонародник Едвин Кимару Косгеи, кој задоцни помалку од половина минута зад победникот.

    Среде доминацијата на тркачите од Кенија на скопските улици, најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски успеа да се избори за место на победничкиот подиум. Ивановски стигна на целта како третопласиран со време 2:13:49 часа, со заостанување помало од една минута зад Чеге Њороге. Втор најуспешен македонски претставник на трката беше Жан Тошев, кој го освои осмото место.

    Кај жените, победи Долфин Кемунто Нијагака од Кенија, пред сонародничките Кипкемои и Какури. Најдобра македонска претставничка беше Андријана Поп Арсова Рашиќ на четвртата позиција.

    Кениските натпреварувачи забележаа триумф и на полумаратонот. Во машка конкуренција победи Кенеди Роно, додека Муџахид Мислими беше најдобропласиран македонски атлетичар на четвртото место. Во женскиот полумаратон победи Валентин Жебет, а Дарија Крстевска заврши како најдобра македонска тркачка на шестото место.

    На рекреативната трка на пет километри првите места ги освоија Андреј Арсов и Ирма Хајдари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира