КЕНИЕЦОТ КИПЧОГЕ ИСТРЧА НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН, 2:01:39

    КЕНИЕЦОТ КИПЧОГЕ ИСТРЧА НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН, 2:01:39Елиуд Кипчоге на трката во Берлин постави нов светски рекорд во маратон, 2 часа, една минута и 39 секунди, што е за една минута побрзо од претходниот рекорд на Денис Кимето (Фото: АП)

    Кенискиот маратонец Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон, 2 часа, една минута и 39 секунди, во Берлин. 33-годишниот тркач го надмина досегашниот рекорд за повеќе од една минута, 2:02:37, што го постави Денис Кимето во Берлин во 2014.

    Кипчоге смета за еден од најдобрите маратонци на сите времиња. Тој е олимписки шампион во оваа дисциплина и годинава по трет пат победи на маратонот во Лондон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира