Двократниот олимписки првак Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон на денешната трка во Берлин. Триесет и седумгодишниот Кениец стигна на целта за два часа, една минута и девет секунди, симнувајќи 30 секунди од својот претходен рекорд, поставен на истата патека пред две години.
Кипчоге сега има победа на 15 од 17-те маратони на кои што настапил, од кои четири во Берлин.
Тој ја истрча првата половина од трката за 59 минути и 51 секунда, што ги зголеми надежите дека би можел да стане првиот човек кој трчал под границата од два часа на официјален маратон. Ова веќе му успеа на Кипчоге во Виена во 2019, но резултатот не беше признат за светски рекорд, зашто тоа не беше отворено натпреварување, а тој имаше помош од други тркачи.
Во женска конкуренција во Берлин славеше Тигист Асефа од Етиопија со третиот најдобар резултат во историјата – 2:15:37.