Виктор Киплагат од Кенија победи во машка конкуренција денеска на Скопскиот маратон, а во женска конкуренција најбрза беше неговата сонародничка Рут Матебо.
Киплагат ја истрча патеката долга 42 километри за 2:15:09 часа, додека Матебо имаше време од 02:44:17 часа.
Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:19:08 часа и беше најдобар македонски натпреварувач на маратонот.
На полумаратонската трка, во женска конкуренција победи домашната натпреварувачка Андријана Поп Арсова со време од 01:21:19 часа, додека во машка конкуренција победи Британецот Бен Фелтон со време од 01:09:17 часа.
Вкупно, на 19. издание на Скопскиот маратон учествуваа над 11.000 натпреварувачи од 53 земји, а освен маратон и полумаратон се трчаше и штафетен маратон и трка на 5 километри.