КИРЕ ЛАЗАРОВ ПРИМЕН ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ РАКОМЕТ

    КИРЕ ЛАЗАРОВ ПРИМЕН ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ РАКОМЕТЛазаров објави крај на играчката кариера во јуни минатата година (Фото: СДК.МК)

    Кире Лазаров се најде меѓу легендите на европскиот ракомет кои беа примени во нововостановената Куќа на славните на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која вечерва ќе биде промовирана на свечен настан во Виена. Актуелниот селектор на машката репрезентација на Македонија е еден од 60-темина ракометари и ракометарки кои ја сочинуваат првата генерација членови на Куќата на славните, која се формира по повод 30 години од основањето на ЕХФ.

    Покрај Лазаров, во одбраното друштво влегоа уште двајца десни бекови, Исланѓанецот Олафур Стефансон и Унгарецот Ласло Наѓ.

    Лазаров објави крај на играчката кариера во јуни минатата година, зацементирајќи го својот статус на еден од најдобрите голгетери во историјата на ракометот. Во кариерата освои повеќе од 50 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите со Барселона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира