КУБАНСКИОТ БОРАЧ МИХАИН ЛОПЕС ГИ НАДМИНА КАРЛ ЛУИС И МАЈКЛ ФЕЛПС, ОСВОИ ЗЛАТО НА ПЕТ ОЛИМПИЈАДИ

    КУБАНСКИОТ БОРАЧ МИХАИН ЛОПЕС ГИ НАДМИНА КАРЛ ЛУИС И МАЈКЛ ФЕЛПС, ОСВОИ ЗЛАТО НА ПЕТ ОЛИМПИЈАДИМихаин Лопес испиша историја со победата во Париз (Фото: Гети)

    Кубанскиот борач во грчко-римски стил Михаин Лопес испиша историја откако славеше во категоријата до 130 килограми на Олимписките игри во Париз.

    Две недели пред да го прослави 42. роденден, Лопес стана првиот спортист кој освоил злато во иста дисциплина на пет олимпијади, надминувајќи ги досегашните рекордери Карл Луис и Мајкл Фелпс. Кубанскиот џин и неговиот тренер се расплакаа откако тој го победи Чилеанецот Јасмани Акоста Фернандес во финалната борба.

    Колку голема радост! Ова беше резултатот што го посакував, но и целата моја земја. Ова е награда за цел живот напорна работа со помош на семејството и сите други. Ова е мојата најголема победа“, изјави Лопес.

    Тој го освои првото злато во 2008 во Пекинг, кога супертешката категроија беше до 120 килограми и го одбрани во Лондон четири години подоцна. Следните три титули ги освои во преквалификуваната категорија до 130 килограми.

    И американските кошаркарки Сју Брд и Дијана Таураси имаат по пет олимписки злата, но во екипен спорт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира