ЛАНСКИОТ ПОБЕДНИК ЃОКОВИЌ СЕ СООЧУВА СО ЦЕЛОСНО НОВА СИТУАЦИЈА ПО ПОРАЗОТ НА РОЛАН ГАРОС

    ЛАНСКИОТ ПОБЕДНИК ЃОКОВИЌ СЕ СООЧУВА СО ЦЕЛОСНО НОВА СИТУАЦИЈА ПО ПОРАЗОТ НА РОЛАН ГАРОСНовак Ѓоковиќ беше елиминиран во три сета од Доминик Тим, нешто што не му се случило на гренд слем уште од поразот во финалето на Вимблдон во 2013 година. (Фото: АП)

    Во моментите кога неговата одбрана на титулата на Ролан Гарос се приближуваше кон крајот, Новак Ѓоковиќ падна на колена на црвената земја и рекетот му одлета од раката додека бекхендот на противникот пролета покрај него. Дури и на самиот Ѓоковиќ му беше тешко да сфати колку многу паднал, само една година по триумфот на Отвореното првенство на Франција, со кој што стана првиот тенисер во речиси половина век кој освоил четири последователни гренд слема.

    Овојпат, српскиот тенисер беше елиминиран од Австриецот Доминик тим со изненадувачки 7:6 (5), 6:3, 6:0 во четврт-финалето, пораз кој што остава многу тешки прашања за поранешниот светски рекет број еден.
    Дали се откажа во последниот сет? Што се случи со неговата непробојна игра? Може ли да се врати во старата форма? Потребен ли му е одмор?
    „Факт е дека не играм ниту блиску до мојата најдобра форма, го знам тоа. За мене, ова е целосно нова ситуација со која се соочувам“, кажа 30-годишникот по поразот.

    Откако ги комплетираше трофеите од сите четири гренд слема пред 12 месеци, Ѓоковиќ не успеа да победи на ниту еден од наредните четири гренд слема. Тој, исто така, му го препушти првото место на АТП листата на Енди Мари. Ѓоковиќ беше финалист на Ју-Ес Опен, но загуби во третото коло на Вимблдон, во второто коло во Австралија, а беше елиминиран во првото коло на Олимпијадата во Рио.
    „Победата тука минатата година ми донесе многу различни чувства. Очигледно, беше возбудливо и имав чувство на целосна исполнетост. Живеев на тој бран на возбуда, претпоставувам до Ју-Ес Опен или така нешто. И на Ју-Ес Опен бев емоционално многу испразнет и се најдов себеси во ситуација каква што не сум сретнал дотогаш во мојата професионална кариера“, кажа Ѓоковиќ на искрената прес-конференција.

    Ѓоковиќ, кој имаше дури 35 неизнудени грешки против Тим, не ја отфрли можноста да земе малку одмор.
    „Очигледно ми е тешко да најдам начин како да продолжам понатаму. Но, барем се обидувам. Знам дека ги имам достигнато врвовите во овој спорт и тие сеќавања и искуства ми даваат причина да верувам дека можам да го направам тоа повторно“, вели српскиот тенисер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира