ЛАЗАРОВ КРУНИСАН ВО КРАЛ НА ИСПРАЌАЊЕТО ОД НАНТ

    ЛАЗАРОВ КРУНИСАН ВО КРАЛ НА ИСПРАЌАЊЕТО ОД НАНТЛазаров беше крунисан во присуство на семејството (Фото: Фејсбук)

    Нант му приреди кралско испраќање на Кире Лазаров, кој пред два дена објави дека ќе ја заврши играчката кариера на крајот на сезоната. Францускиот клуб буквално го крунисаше Лазаров, откако по завршувањето на синоќешниот натпревар со Тулуз го седна на престол и му стави круна на главата.

    Лазаров доби стоечки овации од 6.000 гледачи во салата, кои во негова чест ставија мали круни на главата.

    Лазаров доби стоечки овации од 6.000 гледачи во салата (Фото: Твитер)

    Еден од најдобрите голгетери во историјата на ракометот одигра пет сезони во дресот на Нант и уште во првата го предводеше до финалето на Лигата на шампионите, каде што беше поразен од Монпелје.

    Тој ќе го одигра последниот меч во кариерата в сабота, против ПСЖ во финалето на францускиот куп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира