Лос Анџелес Лејкерс објави дека ќе повлече два дреса во чест на еден од најголемите играчи во историјата на клубот, Коби Брајант.
На церемонијата што ќе се одржи на полувремето од мечот со Голден Стејт на 18 декември, во салата ќе бидат кренати дресовите со број 8 и 24, што Брајант ги носеше во текот на својата кариера.
Брајант, кој се пензионираше во 2016 година, одигра 20 сезони за Лејкерс, освои пет шампионски титули и постигна 33.643 поени, со што е најдобар стрелец во историјата на клубот, односно трет во НБА воопшто.
„Кога бев дете во Италија, секогаш сонував како мој дрес виси во салата на Лејкерс. Но, никогаш не очекував дека ќе бидат два. Клубот ми приреди невидена чест и многу им благодарам на фановите“, изјави 39-годишниот Брајант.
Тој е десетти играч во чија чест Лејкерс повлекува број, но ќе биде прв со два дреса во холот на славните на клубот.