ЛЕСТЕР ВО СОЛЗИ, ВЛАСТИТЕ И КЛУБОТ СÈ УШТЕ НЕ КАЖУВААТ КОЈ ЗАГИНАЛ ВО ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ

    ЛЕСТЕР ВО СОЛЗИ, ВЛАСТИТЕ И КЛУБОТ СÈ УШТЕ НЕ КАЖУВААТ КОЈ ЗАГИНАЛ ВО ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТМеѓу загинатите наводно е и 60-годишниот сопственик на Лестер, тајландскиот милијардер Вишај Шривадханапраба (Фото: ЕПА)

    Повеќе од 12 часа по хеликоптерската несреќа што се случи во близина на стадионот на Лестер непосредно по завршувањето на средбата со Вест Хем, властите и клубот сѐ уште немаат објавено кои се настраданите.

    Повикувајќи се на извор од семејството, Би-Би-Си објави дека меѓу загинатите е 60-годишниот сопственик на Лестер, милијардерот Вишај Шривадханапраба, но останува непознато колку луѓе биле во хеликоптерот кој се урна набргу по полетувањето од теренот. Тоа бил редовен ритуал на Шривадханапраба, кој доаѓал на стадионот „Кинг пауер“ со својот хеликоптер и се враќал за Лондон по завршувањето на мечевите.

    (Фото: Ројтерс)

    Шривадханапраба, петтиот најбогат човек во Тајланд, го купи Лестер за 39 милиони фунти во 2010 година и во наредните години вложи повеќе од 700 милиони во екипата и стадионот. Тоа целосно му се исплатеше во 2016 година, кога Лестер сензационално ја освои шампионската титула, откако една сезона порано играше во втората лига.

    Од утрово, голем број фанови се упатуваат кон стадионот, оставајќи цвеќиња и навивачки реквизити.

    „И покрај големиот број луѓе, сѐ е некако тивко. Многумина се во солзи додека му приоѓаат на стадионот и се тешат едни со други“, опиша новинарот на Би-Би-Си, Сем Фишер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира