Јапонија избра футуристички суштества кои имаат супермоќи како маскоти на следната Летна олимпијада, што ќе се одржи во Токио во 2020 година.
Сѐ уште неименувани маскоти, кои личат на лисици, победија на анкетата, во којашто учествуваа само ученици. Организацискиот комитет на ОИ соопшти дека во анкетата учествувале 16.769 училишта.
„Тие ќе ги поздравуваат посетителите на Игрите во 2020 година и ќе го шират олимпискиот и параолимпискиот дух“, кажаа организаторите.
Тие додаваат дека двете избрани маскоти имаат различни карактери, но се почитуваат меѓусебе и се добри пријатели.