ЛИНДЗИ ВОН ОДИ ВО ПЕНЗИЈА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ СТЕНМАРК

    ЛИНДЗИ ВОН ОДИ ВО ПЕНЗИЈА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ СТЕНМАРКЍ недостигаат уште четири победи во Светскиот куп за да го израмни рекордот на Стенмарк. - Линдзи Вон (Фото: Гети)

    Една од најдобрите скијачки на сите времиња Линдзи Вон објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната 2018/19.

    Вон, која има 82 победи во Светскиот куп, претходно има изјавено дека нема да се повлече додека не го собори светскиот рекорд на Ингемар Стенмарк од 86 победи. Сега веќе 33-годишна, Американката вели дека ова е нејзина последна сезона, без разлика дали ќе успее да го достигне легендарниот Швеѓанец.

    „Ако успеам, тоа ќе биде остварување на сон. Ако не успеам, сепак ќе мислам дека сум имала неверојатна кариера“, кажа Вон.

    Од 82-те победи во Светскиот куп, 43 ѝ се во спуст и 28 во супервелеслалом. Таа е четирикратна освојувачка на големиот кристален глобус и олимписки првак во спуст од 2010 година.

    „Физички, веќе нема смисла да продолжам“, вели Вон, која имаше неколку тешки операции, но секогаш успешно се враќаше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира