Пациенти со ретки болести, нивни семејства и поддржувачи ќе учествуваат на трката „Охрид ТрчаТ“ која е закажана за утре, 30 август. Од Здружението за ретки болести велат дека и оваа година ќе трчаат за лицата со ретки болести за кои не постои терапија во светот.
„ Од 8.000 ретки болести во светот, само за 5% постои некаква терапија која ќе им го подобри квалитетот на живот. Трчаме за подобри услови за рехабилитација (физичка и психичка), за психолошка помош и поддршка, за навремени и точни информации, за физиотерапија во соодветни услови во сите градови, за дневни центри во кои децата може да се дружат, за воведување на подобри услови за клинички студии“, вели Здружението.
Главни трки ќе бидат Градска трка на 21 км и Рекреативна трка на 5 км. Настанот е организиран според протоколите и мерките согласно уредбите на Владата и Комисијата за заразни болести.
Б. НЕСТОРОСКА