ЛУКСЕМБУРГ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ НЕ ЗАГУБИЛ ОД ФРАНЦИЈА ПРЕД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ЛУКСЕМБУРГ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ НЕ ЗАГУБИЛ ОД ФРАНЦИЈА ПРЕД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНАПриредија невидена сензација, иако целиот тим на Луксембуржаните не вреди ни пет милиони евра (Фото: АП)

    Луксембург е најголемата сензација на квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, и тоа поради само еден освоен бод.

    По цели 103 години, Луксембург остана непоразен во еден дуел со Франција, откако одигра 0:0 во Тулуз. Ова за последен пат му успеало уште пред почетокот на Првата светска војна, во февруари 1914 година, кога триумфирал со 5:4.

    Сензацијата е до толку поголема, ако се има предвид дека Франција настапи со најскапиот среден ред во историјата на фудбалот, со Мбапе, Погба, Канте и Лемар, кои заедно вредат речиси половина милијарда евра. Според сајтот „Трансфермаркт“, целиот тим на Луксембург не вреди повеќе од пет милиони евра.

    Откако се играат квалификациите за СП, Луксембург има освоено 24 од можни 396 бодови. Луксембург освои бод, иако имаше очајна статистика на мечот, па, меѓу другото, упати само еден удар кон противничкиот гол, наспроти 34-те на Французите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира