МАКЕДОНЕЦОТ ДЕЈАН КУЛУШЕВСКИ ПОТПИША ЗА ЈУВЕНТУС ЗА 35 МИЛИОНИ ЕВРА

    МАКЕДОНЕЦОТ ДЕЈАН КУЛУШЕВСКИ ПОТПИША ЗА ЈУВЕНТУС ЗА 35 МИЛИОНИ ЕВРАКулушевски, кој настапува за Шведска, импресионираше во дресот на Парма оваа сезона (Фото: ЕПА)

    Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски потпиша за Јувентус во трансферот вреден 35 милиони евра.

    Деветнаесетгодишниот играч од среден ред го одигра досегашниот дел од сезоната за Парма, и тоа како отстапен играч од Аталанта и притоа постигна четири гола на 16 средби.

    Тој потпиша четири и полгодишен договор со италијанскиот првак, вреден четири милиони евра по сезона. Постои можност Кулушевски да ја доигра сезоната во дресот на Парма.

    Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година и пред да се пресели во Италија летоска, настапуваше за шведскиот прволигаш Бромапојкарна. Тој има настапи за репрезентацијата на Македонија за играчи до 17 години, а потоа почна да игра за шведскиот национален тим и оваа година дебитираше и за најдобрата селекција, на квалификацискиот натпревар со Фарски Острови.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари