МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ ИСЛАНД И ОДИ ВО ПЛЕЈОФОТ ЗА ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ ИСЛАНД И ОДИ ВО ПЛЕЈОФОТ ЗА ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОЕлиф Елмас ја донесе победата со двата гола во второто полувреме. (Фото: Фејсбук)

    Македонската фудбалска репрезентација го победи Исланд со 3:1 во последното коло од квалификациската група Ј и го освои второто место, со што обезбеди место во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар следната година.

    Во плејофот одат 10-те второпласирани репрезентации од квалификациските групи, плус двајца победници од групите на Лигата на нации, кои не завршиле на првите две места во квалификациите. 12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи по четири и ќе се игра полуфинале и финале по еден меч. Полуфиналињата се закажани за 24-25 март следната година, а финалињата за 28-29 март. Македонија нема да биде носител при ждрепката на 26 ноември и полуфиналето ќе го игра на гости.

    Од 12-те репрезентации во плејофот, на Светското првенство во Катар одат три тима.

    Вечерва на стадионот „Тоше Проески“, „црвено-жолтите“ поведоа со голот на Езгјан Алиоски во 7. минута, а гостите израмнија преку Јон Дагур Торстеинсон во 54. минута. Елиф Елмас беше стрелец на вториот гол за Македонија во 65. минута, а конечниот резултат го постави истиот играч во 87. минута.

    Од 79. минута, Македонија беше со играч повеќе, откако беше исклучен Исак Јоханесон.

    Првото место во групата го освои Германија со 27 бода, девет повеќе од Македонија. На третото место заврши Романија со бод помалку од Македонија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира