Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на дебито на европските првенства.
Во Букурешт, Австријците поведоа преку Лајнер во 18. Минута, по што Пандев израмни за Македонија десет минути подоцна. Грегорич со голот во 78. минута ја врати предноста за Австрија, а Арнаутовиќ го постави конечниот резултат во 89. минута.
Австрија уште еднаш покажа дека е незгоден противник за македонската репрезентација, откако претходно двапати нè победи во квалификациите за ова европско првенство.
Следниот натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство е повторно во Букурешт, на 17 јуни против Украина, а последниот меч од групата Ц го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија.