МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА СО НАЈСЛАБИТЕ ЕВРОПСКИ СЕЛЕКЦИИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ НА УЕФА

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА СО НАЈСЛАБИТЕ ЕВРОПСКИ СЕЛЕКЦИИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ НА УЕФАИ преку оваа Лига Македонија може да си ги зголеми шансите за настап на ЕП 2020 (Фото: МКД.МК)

    Доколку не направи драстичен скок на ранг-листата на ФИФА во наредните два месеца, Македонија ќе игра натпревари против најслабите европски репрезентации во новоформираната Лига на нации, што УЕФА ќе ја стартува во септември 2018 година.

    УЕФА ги распореди своите 55 членки во четири лиги, при што Македонија е меѓу 16-те селекции кои би биле дел од најслабата, Д-лига. Тие дополнително ќе бидат поделени во четири групи со по четири репрезентации, што значи дека потенцијалните противници на Македонија би биле Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

    Сепак, и настапот во оваа лига може да и донесе голема добивка на Македонија, бидејќи најдобрата селекција ќе обезбеди место во плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2020 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира