МАКЕДОНИЈА СО ШЕСТМИНА СПОРТИСТИ И ЧЕТВОРИЦА СУДИИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

    МАКЕДОНИЈА СО ШЕСТМИНА СПОРТИСТИ И ЧЕТВОРИЦА СУДИИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗПретседателката Сиљановска - Давкова прими дел од учесниците на Олимпијадата и им го врачи државното знаме што ќе биде развиорено во Париз (Фото: Кабинет на Претседателката на РСМ)

    Шестмина спортисти ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Олимписки игри во Париз, кои се отвораат на 26 јули, потврди Македонскиот олимписки комитет.

    Маратонецот Дарио Ивановски е првиот македонски атлетичар кој ќе настапи на ОИ со обезбедена норма, што му успеа и на борачот Владимир Егоров, европски првак од 2022. Шеснаесетгодишниот пливач Никола Ѓуретановиќ е најмладиот член на екипата, а ќе настапи на 400 метри слободно.

    Теквондистката Милијана Рељиќ ќе биде знаменосец на отворањето на ОИ заедно со Ивановски, а во тимот се и џудистот Еди Шерифовски и стрелачката Анастасија Мојсовска.

    Покрај нив, на ОИ ќе бидат и четворица македонски судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во ракомет, Анета Павловска во тенис и Иван Михајловски во триатлон.

    Први на борилиштата излегуваат Ѓуретановиќ и Мојсовска, чии настапи се на програмата на 27 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира