МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ ЗАСАДИЈА ДРВО НА МИРОТ ВО МИНСК ПРЕД СТАРТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ИГРИ

    МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ ЗАСАДИЈА ДРВО НА МИРОТ ВО МИНСК ПРЕД СТАРТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ИГРИПотегот на Македонија го следеа и други учесници, вели тренерот на боксерите Петре Чирлиновски (Фото: СДК.МК)

    Македонската селекција засади дрво на мирот во олимпискиот парк пред спортската арена во Минск пред стартот на Европските спортски игри, што се одржуваат по вторпат. Честа му припадна на Петре Чурлиновски, тренерот на боксерите, кои се и најбројни во македонската експедиција.

    „Нашиот пример го следеа и други држави кои учествуваат на Европските игри. Со тоа се гордееме и добивме големи пофалби“, вели Чурлиновски, тренер на боксерскиот клуб Баргала од Штип.

    На Европските спортски игри во Минск од денеска до крајот на месецот ќе учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини.

    Македонската селекција ќе се претстави во 12 спортови: боксерите Гоце Јанески, Егеми Арсим и Јасим Љама, борачите Нуров Магомелгаџи, Владимир Егоров и Фати Вејсели, европскиот шампион во карате Емил Павлов, џудистот Арбреша Реџепи, кајакарот Владимир Малески, стрелачот Борјан Бранковски, велосипедистот Андреј Петровски и Далибор Богданов во боречката вештина самбо.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира