МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПРВ УЧЕСНИК НА ЕВРОПСКИОТ СУПЕРКУП ВО СКОПЈЕ

    МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПРВ УЧЕСНИК НА ЕВРОПСКИОТ СУПЕРКУП ВО СКОПЈЕТренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо досега го нема освоено Европскиот Суперкуп. (Фото: ЕПА)

    Манчестер Јунајтед е првиот учесник на европскиот Суперкуп во Скопје на 8 август, откако вечерва во финалето на Лига Европа го победи Ајакс со 2:0.

    Пол Погба и Хенрик Мхитарјан беа стрелци за тимот на Жозе Мурињо на „Френдс арена“ во Стокхолм. Со триумфот против Ајакс, Манчестер Јунајтед првпат во својата историја ја освои титулата во Лига Европа, натпреварување кое претходно се викаше Куп на УЕФА. Најтрофејниот англиски тим Европскиот Суперкуп досега го има освоено само еднаш и тоа во 1991 година, кога славеше со 1:0 против Црвена Звезда.

    Вториот учесник на Суперкупот ќе се дознае на 3 јуни, кога во финалето на Лигата на шампиони во Кардиф ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира