МАРАТОНОТ ГО РАЗДВИЖИ СКОПЈЕ ОД РАНО НАУТРО – 12.500 ТРКАЧИ НА УЛИЦИТЕ

    МАРАТОНОТ ГО РАЗДВИЖИ СКОПЈЕ ОД РАНО НАУТРО – 12.500 ТРКАЧИ НА УЛИЦИТЕВо исто време тргнаа маратонот, полумаратонот, штафениот маратон и трката на пет километри (Фото: К. Попов)

    Повеќе од 12.500 тркачи, од кои 1.500 странци од 58 држави, ги раздвижија улиците на Скопје од рано наутро, откако стартуваше 15. издание на Виз ер Скопски маратон.

    Почетници, рекреативци, професионалци, едни од ќеф, други за слика на Фејсбук или за личен рекорд, а некои и за главната награда на 5.000 евра, во исто време тргнаа маратонот, полумаратонот, штафениот маратон и трката на пет километри, која вообичаено е и најбројна.

    Меѓу учесниците има и странци од 58 држави (Фото: К. Попов)

    Маратонот стана и еден вид тимбилдинг, па со свои тимови учествуваат и јавни претпријатија и приватни фирми, а некои трчаат за хуманитарни кампањи, како тимовите на клиниките за пластична хирургија и за хематологија, како и на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

    Не изостанува ниту поддршката од граѓаните, кои, сепак, во не така голем број се наредија долж патеката, а на одредени пунктови сè е претворено и во забава со диџеј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира