Лео Меси и официјално побарал од Барселона да го напушти клубот ова лето.
Само неколку дена по понижувачкиот пораз од Баерн од 2:8 во Лигата на шампионите, Меси испратил факс до клубот, барајќи да биде активирана клаузулата од договорот која му дозволува веднаш да си замине како слободен играч. Според клубот, тој е врзан за него со откупна клаузула од 700 милиони евра.
Шесткратниот освојувач на Златната топка дебитираше за Барселона во 2004 година и со неа ја освои Лигата на шампионите четири пати.
Според аргентинските медиуми, Меси бил лут по првиот состанок со новиот тренер Куман, кој му рекол дека веќе нема да има специјален третман. Извештаите од Шпанија кажуваат дека претседателот Бартомеу свикал итен состанок на бордот откако го добиле барањето на Меси.