МОДРИЌ ЈА ОСВОИ ЧЕТВРТАТА ЗЛАТНА ТОПКА ГОДИНАВА, И „ФРАНС ФУДБАЛ“ ГО ПРОГЛАСИ ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕР

    МОДРИЌ ЈА ОСВОИ ЧЕТВРТАТА ЗЛАТНА ТОПКА ГОДИНАВА, И „ФРАНС ФУДБАЛ“ ГО ПРОГЛАСИ ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕРЈа прекина 10-годишната доминација на Роналдо и Меси. - Лука Модриќ (Фото: Ројтерс)

    Лука Модриќ ја освои и четвртата Златна топка оваа година, откако „Франс фудбал“ го прогласи за најдобар светски фудбалер на вечерашната церемонија во Париз. По Бразилецот Кака во 2007 година, овој престижен трофеј го освојуваа исклучиво Кристијано Роналдо и Лео Меси.

    Зад хрватскиот плејмејкер на Реал Мадрид се пласираа Кристијано Роналдо, Антоан Гризман и Килијан Мбапе.

    „Чувството е неверојатно, особено ако се земе предвид какви играчи завршија зад мене. Свесен сум дека оваа година направив извонредни работи. Ова е година од сништа“, кажа Модриќ, европски првак со Реал и светски вицешампион со Хрватска.

    Претходно, тој беше избран за најдобар играч на Мундијалот во Русија, УЕФА го прогласи за најдобар фудбалер за сезоната 2017/18 и потоа и ФИФА му ја додели Златната топка.

    Меси за првпат од 2006 година не заврши на една од првите две позиции, освојувајќи го само петтото место.

    „Франс фудбал“ за првпат ја додели Златната топка и во женска конкуренција и таа ѝ припадна на 23-годишната норвешка репрезентативка од редовите на Лион, Ада Хегерберг.

    Светскиот првак Килијан Мбапе го освои трофејот Копа, што од оваа година се доделува за најдобар млад играч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира