МОДРИЌ ЈА ПРЕКИНА 10-ГОДИШНАТА ДОМИНАЦИЈА НА РОНАЛДО И МЕСИ И СТАНА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕР

    МОДРИЌ ЈА ПРЕКИНА 10-ГОДИШНАТА ДОМИНАЦИЈА НА РОНАЛДО И МЕСИ И СТАНА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕРОваа година ги освои сите големи индивидуални трофеи. - Лука Модриќ (Фото: Гети)

    Лука Модриќ ја заокружи колекцијата големи индивидуални трофеи за оваа година, откако ФИФА го прогласи за најдобар светски фудбалер на свеченоста во Лондон. Модриќ со тоа го прекина монополот на Кристијано Роналдо и Лео Меси, кои ја освојуваа оваа награда во последните десет години.

    Капитенот на хрватската репрезентација, што ја предводеше до сензационалното второ место на Светското првенство во Русија, ги победи Кристијано Роналдо и Мохамед Салах за најпрестижната награда во светот на фудбалот.

    „Големи чест и привилегија се да се добие оваа награда. Сакам да им честитам и на Роналдо и на Салах на извонредната сезона. Оваа награда им ја должам на моите соиграчи и тренери од репрезентацијата и од Реал Мадрид. Се надевам дека нашиот успех на Светското првенство во Русија ќе биде инспирација на некоја идна генерација хрватски репрезентативци“, изјави Модриќ, кој повторно ја освои Лигата на шампионите со Реал.

    Тој прво ја освои Златната топка на Мундијалот во Русија, а потоа од УЕФА беше прогласен и за најдобар европски фудбалер.

    ФИФА ја избра и најдобрата светска фудбалерка и оваа награда по шести пат ѝ припадна на Бразилката Марта, додека францускиот селектор Дидје Дешамп е најдобар тренер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира