МОНПЕЛЈЕ МУ ЈА ОДЗЕДЕ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА НА ВАРДАР, УТРЕ СО ПСЖ ЗА ТРЕТО МЕСТО

    МОНПЕЛЈЕ МУ ЈА ОДЗЕДЕ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА НА ВАРДАР, УТРЕ СО ПСЖ ЗА ТРЕТО МЕСТОМесто фаворизираните Вардар и ПСЖ, до финалето стигнаа Монпелје и Нант

    Новиот освојувач на ракометната Лига на шампиони, сепак, ќе го даде Франција.

    Вардар нема да ја брани титулата во утрешното финале на завршниот турнир во Келн, откако во драматичен натпревар загуби од Монпелје со 27:28.

    Македонскиот првак речиси целиот меч го помина во резултатска негатива, не успевајќи да ѝ парира на динамичната и атрактивна игра на најтрофејниот француски клуб, но во последните две минути, сепак, си отвори голема шанса.

    Вардар во најдобар случај можеше да се избори за продолженија, откако Симоне пронајде дупка во одбраната и погоди за 27:28 на 20-ина секунди до крајот. Имаше доволно време да се анулира ова, но Борозан избрза и од неизградена позиција шутна покрај голот.

    Оваа легендарна генерација вардарци својот последен натпревар во овој состав ќе го има утре, од 15.15 часот, кога ќе се бори за бронзен медал против ПСЖ, во репризата на ланското финале.

    Неколку часа подоцна (18 ч.), ќе се игра, веројатно, најнеочекуваното финале во историјата на Лигата на шампионите, Монпелје против Нант, во коешто Кире Лазаров ќе има можност по вторпат да се закити со титулата европски првак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира