МУХАМЕД СЕЈДИНИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

    МУХАМЕД СЕЈДИНИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈАМандатот на новиот претседател Мухамед Сејдини е до 2021 година, кога треба да се одржи редовното изборно собрание на ФФМ. (Фото: ФФМ)

    Досегашниот в.д. претседател Мухамед Сејдини беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешното собрание во Охрид. За Сејдини гласаа 82-ца од 90-мината присутни делегати на собранието, а имаше само еден воздржан, без против. Мандатот на Сејдини е до 2021 година, кога треба да се одржи редовното изборно собрание на ФФМ.

    Сејдини стана в.д. претседател на ФФМ по предвременото повлекување на Илчо Ѓорѓиоски од претседателската функција во јули минатата година, кога тој кажа дека негов следен ангажман ќе биде во структурите на УЕФА. Сејдини, пред да стане в.д. претседател, беше на позицијата потпретседател на ФФМ.

    Гости на собранието на ФФМ во Охрид беа Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА и Хеиди Беха, претставник на ФИФА.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари