МУРИЊО ИМЕНУВАН ЗА НОВ ТРЕНЕР НА ТОТЕНХЕМ

    МУРИЊО ИМЕНУВАН ЗА НОВ ТРЕНЕР НА ТОТЕНХЕММурињо му се враќа на фудбалот по една година пауза (Фото: Гети)

    Жозе Мурињо е именуван за нов тренер на Тотенхем, на местото на Маурисио Покетино, кој беше отпуштен синоќа по слабиот старт на сезоната. Поранешниот тренер на Челзи и Манчестер јунајтед потпиша договор до крајот на сезоната 2022/23.

    „Ме возбудува квалитетот и на екипата и на академијата. Ме привлече можноста да работам со тие играчи“, изјави 56-годишниот Мурињо, кој беше без работа една година, откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед.

    Тотенхем се раздели со Покетино синоќа, само шест месеци откако клубот за првпат играше во финалето на Лигата на шампионите. Мурињо ја презема екипата како 14-топласирана во Премиерлигата.

    „Со Жозе го добиваме еден од најуспешните тренери во фудбалот. Тој има огромно искуство, инспирира екипи и е одличен тактичар. Веруваме дека ќе донесе енергија и самодоверба во екипата“, изјави претседателот на Тотенхем Даниел Ливи.

    Иако пред една година остана без работа, Мурињо продолжи да живее во Лондон.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари