МУРИЊО ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА РОМА

    МУРИЊО ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА РОМАМурињо потпиша тригодишен договор со Рома (Фото:

    Жозе Мурињо се враќа во италијанскиот фудбал по 11 години и од ова лето ќе биде тренер на Рома. Португалецот доаѓа на местото на својот сонародник Пауло Фонсека, кој денеска објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

    Мурињо, кој беше отпуштен од Тотенхем на 19 април, потпиша тригодишен договор со Рома, која моментално е седма на табелата во Серија А.

    „Му благодарам на семејството Фридкин што ме избра мене да го водам овој голем клуб и да бидам дел од неговата визија. По првиот состанок го сфатив целиот обем на амбициите на клубот, кои се совпаѓаат со моите“, изјави Мурињо.

    Рома ќе биде негов втор тренерски ангажман во Италија, откако од 2008 до 2010 година го водеше Интер и притоа му ја донесе првата европска титула по пауза од 45 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира