За првпат во овој регион, во мај следната година ќе се организира трка на планината Галичица во должина од 100 километри, со старт и финиш во Охрид.
Од 22 до 24 мај, Охридско-преспанскиот Регион ќе биде домаќин на новото издание на Охрид ултратреил, во рамките на кој ќе има три трки, што ќе се одвиваат на планината и во националниот парк Галичица, соопштија организаторите.
Исто така, ќе се трчаат 62 километри од Свети Наум преку целиот гребен на Галичица до Охрид, како и покуса трка од 18 километри.
„Минатата година, Охрид треил го имаше своето премиерно издание со трките на 60 и 35 километри, на кои имаше 140 учесници. Овие настани претставуваат нова гранка во авантуристичкиот туризам, нудејќи колективна тура по планински терен”, велат организаторите.
Д. ЧУБРИЌ