НАЈДОБРАТА СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА ЕШЛИ БАРТИ ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА НА 25 ГОДИНИ

    НАЈДОБРАТА СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА ЕШЛИ БАРТИ ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА НА 25 ГОДИНИБарти освои три гренд слем титули, меѓу кои и Вимблдон во 2021 (Фото: АП)

    Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти го шокираше спортскиот свет со објавата дека ја завршува професионалната кариера на 25 години. Австралијката се огласи преку социјалните мрежи, велејќи дека го напушта тенисот со цел да си ги исполни сништата.

    „Многу сум среќна и подготвена. Во срцето знам дека ова е исправна одлука“, кажа Барти.

    Таа ја освои првата гренд слем титула во 2019 година, кога триумфираше на Ролан Гарос и оттогаш беше светски рекет број еден. Лани славеше на Вимблдон, а во јануари стана прв австралиски играч по 44 години кој го освоил Отвореното првенство на Австралија.

    „Не бев сигурна како да ја споделам оваа вест. Целосно сум истрошена и физички веќе нема што да дадам. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте“, додаде Барти.

    Ова не е првпат Барти да се повлекува од тенисот. Таа не играше цели три години откако стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2011. По триумфот во Мелбурн во јануари не настапи на ниеден турнир.

    Во кариерата освои вкупно 15 ВТА титули и помина 121 недела на првото место на светската ранг-листа, од кои 114 во низа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира