НАСТАСЕ НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН НА РОЛАН ГАРОС ПОРАДИ РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР ЗА БЕБЕТО НА СЕРЕНА

    НАСТАСЕ НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН НА РОЛАН ГАРОС ПОРАДИ РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР ЗА БЕБЕТО НА СЕРЕНАНа тренерот на романскиот тим во Фед купот не му е дозволен пристап и на следниот гренд слем, Вимблдон. (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот романски тенисер Илие Настасе нема да добие акредитација за годинашниот Ролан Гарос, соопштија организаторите. 70-годишникот беше времено суспендиран од сите настани на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) поради неговиот расистички коментар за нероденото дете на американската тенисерка Серена Вилијамс минатиот месец.

    „По одлуката за суспензија на ИТФ, господинот Илие Настасе нема да биде акредитиран за Ролан Гарос 2017“, објавија организаторите на Отвореното првенство на Франција на Твитер.

    Настасе, кој редовно предизвикуваше контроверзи за време на играчката кариера, не е добредојден ниту на следниот гренд слем, Вимблдон. Капитенот на женскиот романски тим во Фед купот, беше исфрлен од дуелот на Романија против Велика Британија поради неспортско однесување. Додека траеја натпреварите во Констанца, Настасе за нероденото дете на Вилијамс кажа: „Да видиме каква боја ќе биде. Чоколадо или млеко?“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира