Еден навивач загина по фатален пад за време на синоќешното финале на Лигата на нации помеѓу Португалија и Шпанија. Функционер на УЕФА ја потврди несреќата, велејќи дека навивачот паднал од трибина во просторот за медиумите.
Иако итните служби веднаш реагирале, не можеле да го спасат навивачот. Околностите на несреќата не се познати, ниту е објавен идентитетот на настраданиот.
Инцидентот се случил во првото продолжение од 15 минути на стадионот „Алијанц арена“ во Минхен.
По нерешените 2:2 по 90 минути игра, Португалија ја победи Шпанија по подоброто изведување пенали и по вторпат ја освои титулата.