НЕ ГЛУМАМ, МЕ БОЛИ, ВЕЛИ НЕЈМАР ЗА СВОИТЕ ПРЕТЕРАНИ РЕАКЦИИ НА МУНДИЈАЛОТ

    НЕ ГЛУМАМ, МЕ БОЛИ, ВЕЛИ НЕЈМАР ЗА СВОИТЕ ПРЕТЕРАНИ РЕАКЦИИ НА МУНДИЈАЛОТНе се осврнува на критики или пофалби. - Нејмар (Фото: Гети)

    Нејмар е последната преостаната глобална суперѕвезда на Светското првенство во Русија, по елиминациите на Кристијано Роналдо и Лео Меси, но со своите претерани реакции при повредите стана предмет на потсмев и критики низ целиот свет.

    Бразилскиот напаѓач одговори на обвинувањата откако на средбата со Мексико уште еднаш театрално се превртуваше на теренот, кога беше нагазнат од Мигел Лајун.

    „Едноставно, чувствувам болка. Комплицирано е. Тоа не е нешто што можам да контролирам“, вели Нејмар и ја опиша ситуацијата на мечот со Мексико.

    „Бев нагазнат некоректно. Тоа не беше во жарот на играта, топката не беше до мене. Мислам дека не смееше така да направи. Но, така е тоа. Многу зборуваа пред средбата и сега си отидоа дома“.

    Селекторот на Мексико, Хуан Карлос Осорио, смета дека тој „не е добар пример за фудбалот“.

    „Фудбалот е игра на мажи кои играат со интензитет, а не како кловни. Тоа е срамота, затоа што цел свет гледа, деца гледаат. Не би требало да има глума“, изјави Осорио.

    Нејмар вели дека критиките не го допираат.

    „Не се осврнувам на критики или пофалби, оти тоа може да влијае на вашиот став. Мислам дека ова само има за цел да ме поткопаат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира