НЕЈМАР ПОБАРАЛ ОД УПРАВАТА НА ПСЖ ДА МУ ДОНЕСЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА КАВАНИ

    НЕЈМАР ПОБАРАЛ ОД УПРАВАТА НА ПСЖ ДА МУ ДОНЕСЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА КАВАНИНе е тајна дека Нејмар и Кавани не се во најдобри односи. (Фото: АП)

    Нејмар наводно побарал од сопственикот на Пари Сен Жермен Насер Ал-Келафи да донесе во тимот уште еден напаѓач, кој би му бил конкуренција на Единсон Кавани.

    Не е тајна дека Нејмар и Кавани не се во најдобри односи и, според француските медиуми, изгледа дека Бразилецот сака во ПСЖ да дојде Алваро Мората за да игра во нападот покрај него и Килијан Мбапе, што сигурно би значело заминување на Уругваецот.

    Нема да биде лесно Мората да биде донесен на „Паркот на принцевите“ откако Челси плати 80 милиони евра минатото лето за него, но ако од клубот си замине тренерот Антонио Конте, можно е да се реализира трансферот, бидејќи шпанскиот напаѓач беше желба на италијанскиот стратег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира