Саудиска Арабија ги реновира своите стадиони, со цел да им дозволи на жените одат на спортски натпревари.
Откако донесе историска одлука со која на жените ќе им биде дозволено да возат, што ќе стапи на сила во јуни наредната година, една од најконзервативните држави на светот ќе им овозможи уште едно право, што досега беше резервирано исклучиво за мажите.
Како што објави највисоката спортска институција во државата, од наредната година, стадионите во Ријад, Џеда и во Дамам ќе ги отворат своите врати и трибини и за жени, кои притоа ќе бидат реновирани, за да „можат да примаат семејства“.
Тоа значи дека жените ќе седат во семејните секции на стадионот, кои ќе бидат одделени од машката публика, што е вообичаено во кралството.
Во септември, на Саудијките за првпат им беше дозволено да дојдат на националниот стадион, за прославата на 87-годишнината од основањето на државата.